Фото: Инстаграм/Маја Саздановска

Вака се сакаа Маја Саздановска и Саша, кого ненадејно го загуби: Пејачката сподели тажен спомен на покојниот сопруг

Маја Саздановска сподели емотивен спомен на својот сопруг Саша Лилчиќ, кој ненадејно почина пред речиси 12 години, во период кога нивната ќерка Срна беше многу мала.

Пејачката низ животот продолжи сама, секако со поддршка од најблиските, а загубата тешко ја преброди.

На својата инстаграм-приказна, Маја сподели фотографија што му ја испратила на сопругот пред 13 години, на неговиот фејсбук-профил. Станува збор за фотографија од графит на кој пишува „Те сакам“, а Саздановска ја објави со песната „Memories“ (во превод: спомени) од групата „Марун фајв“. Песната говори за минатото и воедно им оддава почит на оние кои повеќе не се со нас.

Фото: Скриншот

Во една прилика, Саздановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави дека, сепак, времето не лечи сѐ.

„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката. Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и заеднички се потсетуваме на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи, созреа предвреме – многу е итра, снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажуваат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне“, рече Маја Саздановска.

Маја Саздановска и денес е активна на музичката сцена како придружен вокал на Калиопи. Во октомври минатата година, таа настапи на фестивалот Макфест заедно со Јован Јованов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот