Нојер рекордер: Германецот прв меѓу голманите на светските првенства

Мануел Нојер за Германија го запиша и 19 настап на Мундијалите/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Мануел Нојер дебитираше за најдобрата германска репрезентација во 2010 година на Мундијалот во Јужна Африка.

Германскиот репрезентативец е голман со најмногу настапи во историјата на светските првенства. На дуелот против Костарика го запиша својот 19 настап на Мундијалите што е апсолутен рекорд.

И покрај победата од 4:2, Нојер со својата селекција се елиминирани од СП 2022 Катар и нема да играат во нокаут-фазата.

Пред овој меч беше израмнет на врвот со Бразилецот Клаудио Тафарел и Сеп Мајер од Германија кои имаа по 18 настапи.

Во првиот натпревар против Јапонија, Нојер стана првиот германски голман кој играл на четири светски првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот