ВИДЕО: „Ауфидерзен“ за Германија, Шпанците против Мароко во нокаут-фазата

Германците не ја поминаа групната фаза на Мундијалот/Ал Кхор, Катар/1 декември 2022/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Доста возбудувања донесе и третото последно коло во групата „Е“ од која исто така ги дознавме осминафиналистите на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата на Германија триумфираше над Костарика со 4:2, чекаше и победа на Шпанија против Јапонија, но тоа не се случи, бидејќи азиската селекција направи уште еден сензационален резултат, славејќи на крајот со 2:1.

Така, на конечната табела Јапонците завршија како првопласирани со шест бодови, пред Шпанија (9:3) со четири, колку и Германија (6:5), но составот на Луис Енрике имаше многу подобра гол-разлика. Костарика која до 73 минута на дуелот со Германците имаше осминафинале, го освои четвртото место со три бода.

Гнабри донесе водство за Германците во 10 минута, потоа Костарика возврати со погодоците на Техеда и Варгас во 58 и 70 минута за позитива од 2:1. Германија не дозволи повторно да биде понижена на Мундијалот и до крајот успеа да направи целосен пресврт преку Хаверц кој беше двоен стрелец и Филкруг во 91 минута.

На вториот меч во Доха Шпанците водеа преку Мората во 11 минута по асистенцијата на Азпиликуета. На стартот од вториот дел Јапонците за период од три минути направија целосен пресврт со головите на Доан и Танака.

Во осминафиналето, Јапонија на 5 декември ќе игра против второпласираната од групата „Ф“, Хрватска, додека на 6 декември Шпанија за противник во борбата за четвртфинале ќе го има првопласираниот од групата „Ф“, Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот