Гвардиола: Арсенал повеќе нема да испушти бодови до крајот на сезоната

Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е уверен дека фудбалерите на Арсенал нема да испуштат бодови до крајот на сезоната.

Ова значи дека „граѓаните“ мора да ги добијат сите преостанати натпревари за да ја одбранат титулата во Премиер лигата.

Моментно на табелата Арсенал е на првото место со 80 бодови од 35 натпревари, а на втората позиција е Манчестер сити со 79 бодови, но од 34 одиграни мечеви.

– Мислам дека Арсенал нема да испушти повеќе бодови. Ситуацијата е слична на онаа каде јас и Ливерпул се бркавме до последното коло. Ни остануваат уште четири натпревари. Ако ремизираме во еден од нив, нема да станеме шампиони – изјави Гвардиола.

Играчите на Микел Артета до крајот на сезоната имаат уште два домашни натпревари против Бурнмаут и Евертон и еден меч на гости против Манчестер јунајтед.

Манчестер сити ќе игра уште два натпревари пред своите навивачи против Вулверхемптон и Вест хем, и уште два на гости против Фулам и Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот