Ливерпул е подготвен да го продаде Мохамед Салах за сериозна сума

Мохамед Салах/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот стрелец на Ливерпул Мохамед Салах би можел да биде продаден за помеѓу 100 и 150 милиони фунти, објави „Фудбал Инсајдер“.

Наводно, 31-годишниот Египќанец се очекува да биде следната голема ѕвезда што ќе се приклучи на Саудиската професионална лига.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ Кристијано Роналдо веќе игра во таа земја, но Саудијците го гледаат Салах како совршено ново засилување.

На клубот од „Енфилд“ минатото лето Саудиска Арабија му понуди 150 милиони фунти за крилниот напаѓач, но „црвените“ ги одбија. Првите луѓе на премиерлигашот, сепак, сега би биле отворени за таков договор поради ситуацијата со неговиот договор, кој истекува следното лето, и доаѓањето на нов менаџер на Енфилд.

Доколку трансферот се реализира, наследникот на Јирген Клоп, за кој се верува дека е шефот на Феенорд, Арне Слот, би можел да искористи дел од парите за засилување на тимот.

Салах не е во најдобра форма од неговото враќање по повредата заработена на Африканскиот куп на нации во јануари, постигнувајќи само шест голови во сите натпреварувања до сега оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот