Медведев: Главни фаворити на „Ролан Гарос“ се Ѓоковиќ и Алкараз

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/MARK LYONS

Данил Медведев смета дека најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е најголемиот фаворит за титулата на вториот Грен слем сезонава, заедно со Карлос Алкараз, ако Шпанецот воопшто е подготвен за турнирот во Париз.

Потсетување дека „Ролан Гарос“ кој се игра на земјена подлога ќе се организира во периодот од 20 мај до 9 јуни 2024 година.

– Доколку играат во Париз, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас се главни фаворити. Секако дека некои други тенисери имаат добри шанси. Да почнеме со рејтингот. И Јаник Синер ќе има шанса за победа доколку игра. Стефанос Циципас победи во Монте Карло, ако тоа го направи во Рим, ќе биде исто така еден од фаворитите. За мене Новак и Карлос се најблиску до трофејот, знаат да играат на оваа подлога, но мислам дека турнирот е поотворен од било кога. Тоа е добро и за мене, бидејќи не играм толку добро, така што колку поотворено е натпреварувањето, толку подобро за мене – вели Медведев.

Рускиот тенисер призна дека е разочаран што не успеа да ја одбрани титулата во со елиминацијата од Томи Пол.

– Разочарувачки е. Сакав да играм добро и не бев ни блиску. Секако, колку повеќе титули освојам, толку е поголема веројатноста дека повторно ќе освојам, дури и ако не сум ја одбранил. Требаше да бидам психолошки посилен овде. Кога не сум, не можам да победам. Тоа е разочарувачки, но таков е спортот. Најважно е дека следниот турнир секогаш ве чека  – рече Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот