Катерина Ацевска со два златни медали на меѓународниот џиу-џица турнир во Бања Лука

фото: Македонска Џиу-Џица Федерација

Катерина Ацевска со нови одлични резултати на меѓународната сцена, македонската натпреварувачка се закити со два златни медали во две категории У21 +70 кг. и сениори +70 кг. за најдобар женски борец на меѓународниот џиу-џица турнир во Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Како што информираат од Македонската џиу-џица федерација, Ацевска беше сигурна во својот настап, со одлични борби, полна концентрација и кондиција, борбите ги добиваше рутински.

Во една од финалните борби доби тежок удар со нога во глава, борбата за момент беше прекината, но Ацевска брзо се врати во борбата и на крајот славеше победа.

Нашата земја се закити со вкупно шест медали на овој турнир, Марија Треневска дојде до сребро и бронза настапувајќи во две категории, потоа бронза има Антонио Стојчевски во исклучително тешка група со седум борци, а „бронзен“ беше и Зоран Колевски во категорија со пет борци.

По овој настап во Бања Лука, беа освоени уште три медали на „Србија Опен 2024“: Антонио Стојчевски злато, Марија Треневска сребро и Катерина Ацевска сребро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот