Новак Ѓоковиќ ја започна 423 недела на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 423 недела на првото место на АТП листата и на тој начин продолжи да го зголемува сопствениот рекорд.

Овој понеделник Ѓоковиќ има 9,990 бодови, 45 помалку од минатата недела или 1,330 повеќе од второпласираниот Јаник Синер од Италија.

Немаше промени меѓу првите десет во светот, па зад водечкото дуо се Шпанецот Карлос Алкараз, Русинот Данил Медведев, Германецот Александар Зверев, Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас, Русинот Андреј Рубљов, Полјакот Хуберт Хуркач и Бугаринот Григор Димитров.

Ѓоковиќ е сигурен на првото место на АТП листата до 20 мај, ден по завршувањето на Мастерсот во Рим.

Овој период се играат мечеви на Мастерсот во Мадрид, а потоа следува Мастерсот во Рим (од 8 до 19 мај) кои носат по 1.000 бода. Потоа започнува Отвореното првенство на Франција (од 26 мај до 9 јуни). До почетокот на натпреварувањето на париската земјена подлога, Ѓоковиќ брани само 225 поени.

Во четврт-финалето на Рим лани беше елиминиран во четврт-финалето од Холгер Руне, а таму брани 180 поени, како и 45 поени од турнирот во Бања Лука кој беше тргнат од календарот. Теоретски, Синер со добри резултати на двата Мастерса пред Ролан Гарос може да го претекне Ѓоковиќ, но како што моментално стојат работите во Париз, ќе се води главен збор за првото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот