Лука Модриќ на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид!

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Лука Модриќ нема да го носи дресот на Реал Мадрид по завршувањето на актуелната сезона, пренесуваат денеска повеќе извори од Шпанија.

Модриќ долги години испишуваше историја во Реал Мадрид откако во трансфер вреден 40 милиони евра во 2012 година пристигна од Тотенхем.

Сезонава Карло Анчелоти за првпат на Модриќ му додели улога на резервиста и пред него повеќе простор за игра добиваа: Камвинга, Крос, Чуамени и Валверде, додека искусниот Хрват во игра влегуваше од клупата за резерви. Сепак, кога и да се појавеше на теренот Модриќ ја покажуваше својата класа, така беше и во полуфиналето од ЛШ против Баерн Минхен.

Но, Флорентино Перез смета дека е време за разделба со Модриќ и клубот ќе се насочи кон младите играчи. Од друга страна Модриќ има можност да се прости на најдобар можен начин бидејќи титулата во Ла Лига веќе ја освоија, а ги чека и финалето во ЛШ против Борусија Дортмунд.

Последниот натпревар за Реал Мадрид, Модриќ би можел да го одигра токму во финалето од најелитното европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот