Ногачески го почна вториот градоначалнички мандат во Општина Дебрца

Зоран Ногачески / фото: Фејсбук

Зоран Ногачески денеска од ОИК на Дебрца го доби Уверението за избран градоначалник на Општината Дебрца, со што официјално го започнува новиот мандат за периодот 2021 до 2025 година, а врз основа на волјата на граѓаните изразена на Локалните избори.

Ногачески и овојпат им се заблагодари на граѓаните на општината за искажаната поддршка и истакна дека сега има уште поголема обврска и одговорност.

– Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца. Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот, изјави тој.

Ногачески кој беше градоначалник на Дебрца и изминатите четири години како кадар предложен од СДСМ, кандидатурата за вториот мандат ја поднесе како независен и во вториот круг од Локалните избори ја доби поддршката на мнозинството граѓани.

Многу од одлуките што ќе ги носи ќе зависат и од составот на идниот состав на Советот на Општина Дебрца што според резултатите на Локалните избори ќе биде составен од по четири претставници на коалициите предводени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, еден советник од коалицијата ДОМ-ЛДП, како и по еден советник од избирачките групи Димче Андрески и Александар Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот