Ноел Галагер / Фото: EPA/JOEL CARRETT

Ноел Галагер од „Оејзис“ ќе биде прогласен за текстописец на годината на доделувањето на наградите „Брит“

Ноел Галагер од дуото „Оејзис“ ќе биде прогласен за текстописец на годината на церемонијата на доделувањето на наградите „Брит“ на крајот на февруари.

Галагер, кој постигна успех и со бендот „Оејзис“ и со неговиот проект „Ноел Галагер хај флајинг бирдс“, во минатото освои доста британски музички награди.

Наградата во категоријата „Текстописец на годината“ се доделува за извонреден талент во создавањето хитови и ја одредува специјално избрана група експерти. Меѓу претходните добитници на наградата се Ед Ширан, Кид Харпун, Реј и Чарли XX.

Галагер ќе ја прими наградата на церемонијата во Манчестер на 28 февруари.

Тој е најпознат како член на бендот „Оејзис“ со својот брат Лијам. Бендот неодамна ја заврши својата долгоочекувана светска турнеја по повторното обединување.

Ноел Галагер ги напиша хитовите „Wonderwall“, „Don’t Look Back In Anger“ и „Champagne Supernova“ за бендот од Манчестер пред да се разделат во 2009 година по спор меѓу браќата. Во август 2024 година, „Оејзис“ ставија крај на 16-годишните шпекулации потврдувајќи го своето враќање на сцената со турнејата „Оејзис лајв 25“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот