Ништо од трансферот на Александар Митровиќ во Ал Ахли?!

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најновите информации велат дека Александар Митровиќ нема да го промени клубот летово, и повторно е дел од тренинзите на Фулам во Лондон.

Долго време се пишуваше дека српскиот напаѓач ќе потпише за Ал Хилал каде ќе игра заедно со соиграчот од репрезентацијата Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но сега се чини дека тоа нема да се случи.

Барем доколку се земат предвид зборовите на менаџерот на Фулам кој кажа дека Митровиќ се врати на тренинзите.

– Да, Митровиќ се врати. Тоа е процес и ситуацијата не е лесна. Не сум тука да зборувам за преговори и клубови кои се поврзани со него. Тука сум да зборувам за моите играчи. Да, тој е во група со останатите играчи. Се надеваме дека во следните неколку дена ќе успееме да го „подготвиме“ што е можно подобро – вели менаџерот на Фулам, Марко Силва.

Пред само четири дена Фулам ангажираше нов напаѓач, Раул Хименес кој до сега ги бранеше боите на Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот