Фото: EPA/ANNA SZILAGYI

Ништо од трансфер во Реал Мадрид: Упамекано потпиша нов договор со Баерн

Дајо Упамекано (27) ги прекина шпекулациите за неговата иднина со продолжување на договорот со Баерн Минхен. Договорот на францускиот фудбалски репрезентативец требаше да истече ова лето, но тој ќе остане верен на германскиот фудбалски гигант до 2030 година.

Централниот бек е составен дел од одбраната на баварскиот клуб откако се приклучи од редовите на РБ Лајпциг за 42,5 милиони евра.

Досега запиша 28 настапи за Баерн оваа сезона, а тимот на Венсан Компани сигурно чекор кон нова титула во Бундеслигата.

Иако Упамекано во изминатиот период беше силно поврзуван со трансфер во Реал Мадрид следното лето. И покрај интересот од Шпанците со надежи дека ќе добијат уште еден елитен играч без никаков надомест, Французинот одлучи да ја посвети својата иднина на Баерн.

– Навистина сум среќен што останувам во Баерн и што продолжувам да играм во овој тим. Имаме одличен тим и одличен тренер. Имаме големи цели заедно. Во животот, секогаш е важен менталитетот. Давам сè од себе за моите соиграчи, на секој тренинг, сакам да задржам чиста мрежа на секој натпревар и сакам да освојам што е можно повеќе титули со Баерн – рече Упамекано по потпишувањето на новиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот