Николовски во посета на Тиквешијата по повод празникот Св.Трифун

Љупчо Николовски - мин. за Земјоделство шумарство и водостопанство / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски по повод празникот Св. Трифун, заштиникот на лозарите, денеска ќе биде во посета на лозарите од Кавадарци и од Неготино.

Како што стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Николовски ќе има обраќање на закројувањето на лозјето заедно со претставници на Македонски семејни винарии, во селото Марена, по што ќе биде дел и од закројувањето на лозјето во винаријата Тиквеш, на лозовите насади во Лепово.

Најавено е дека министерот Николовски заедно со лозарите ќе присуствува и на манифестациите по повод Св. Трифун во Кавадарци и Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот