Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта”

Љупчо Николовски / Утрински брифинг - Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека годинава ќе се зголеми кофинансирањето на трошоците за „зелена нафта”.

Како што рече Николовски на прес-конференција, ваквата одлука е донесена по согледувањето дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури е зголемена за 13 отсто.

Ако лани трошоците за нафта за пченицата биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, земјоделците годинава, напомена министерот, ќе добијат 1.413 денари по хектар поради зголемената цена на нафтата и ревидирањето на методологијата за пресметка на висината на трошоците.

– Следејќи ги движењата на цените на нафтата, согледавме дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури се зголемени за 13 отсто. Затоа, со цел да ги анулираме зголемените трошоци за нафта, го зголемуваме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за „зелена нафта”, рече Николовски.

Според него, и покрај порастот на цената на нафтата, кофинансирањето за „зелена нафта” останува 50 отсто, но ќе биде за 13 отсто зголемено, а со измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои ќе бидат предложенени до Парламентот, ќе се овозможи и зголемување на кофинансирањето до 100 проценти.

Николовски потсети дека оваа Влада ја донесе оваа мерка прв пат и секоја година дополнителни пет милиони евра по оваа основа одат кај земјоделците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот