Николовски и Спасовски во Крива Паланка на одбележување на празникот Св. Јоаким Осоговски

Николовски и Спасовски во Осоговски манастир/Фото: Facebook

Во Крива Паланка денеска се одбележува Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на градот, а на прославата во истоимениот манастир присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Денес го славиме Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на мојот роден град. На овој ден, кривопаланчани ги чекаат на гости своите роднини и пријатели, а јас му посакав добредојде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно го одбележавме овој голем ден. Запаливме свеќи во манастирот „Св. Јоаким Осоговски” и се помоливме за подобро утре. Нека им е честит празникот на сите православни христијани! Ова е голем ден за мојата Крива Паланка! За многу години!, напиша на Фејсбук вицепремиерот Николовски.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на својот Фејсбук профил дека денеска присуствувал на чествувањето на Св. Јоаким Осоговски.

-Денеска, на покана на мојот драг пријател вицепремиерот Љупчо Николовски, а на мое големо задоволство, бев дел од чествувањето на Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на Крива Паланка. Нека им е честит и за многу години празникот на сите православни христијани и сите граѓани на Крива Паланка, со искрени желби за добро здравје, благосостојба и лична и семејна среќа, напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот