Николовски бара оставка на директорката на МНТ, поради свеченоста во МНТ на навивачката група „Шверцери“

Фото: Фејсбук

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот народен театар навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ прослави 30 годишен јубилеј. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски за прославата бара одговорност од Заев и оставка од директорката на МНТ.

„Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен“, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за прославата на 30-годишниот јубилеј на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ во зградата на Македонскиот народен театар.

Пратеникот  на ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ѝ го честита јубилејот на навивачката група.

Еве како изгледаше оваа прослава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот