Николоски: ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара за следни чекори на блокада

Александар Николоски/Фото: Скриншот

Утре ќе има седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој што највисокото раководство на партијата ќе ја анализира досегашната блокада која се случуваше изминатата недела и ќе објави кои ќе бидат следните чекори и планови на партијата.

Ова меѓудругото го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

– Ние го блокираме Собранието од вторникот значи четири работни дена. Во само четири работни дена успеавме да постигнеме две цели. Прво во Собранието освен што се усвои Дневен ред за една седница ниеден закон не е изгласан, а успеавме и да спречиме едно многу штетно т.н. автентично толкување со кое што требаше да се дозволи втор оператор за игри на среќа, и онака државава има проблем со коцкањето условно кажано замислете да се отвори и втор оператор во интерес еве ќе бидам директен на коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ – истакна Николоски.

Според него ВМРО – ДПМНЕ успеало да ја крене јавноста и да и објасни што партијата всушност успеала да постигне.

– Јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе смогнат сили од Власта дека премиерот од СДСМ ќе се јави и ќе закаже лидерска средба на која што ќе разговараме за датум за предвремени парламентарни избори и за четирите тима во четирите клучни области, финансии, економија, образование и проблемите со Бугарија – рече Николоски.

Тој додаде дека доколку не се случи закажување на лидерска средба во периодот што следи на утрешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара за следните чекори кои ќе бидат „потврди“ од овој чекор што е сега во Собранието, а тоа е блокада на Собранието.

– Сите опции се на маса и сето што го дозволува демократијата е на маса, но јас се уште се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе се прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба на која што ќе разговараме за клучните теми – нагласи Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот