Никола Вучевиќ/ EPA/ERIK S. LESSER

Никола Вучевиќ има нов клуб, по четири години го напушти Чикаго

Црногорскиот центар Никола Вучевиќ е нов кошаркар на Бостон селтикс, пренесува познатиот НБА-инсајдер на „ЕСПН“, Шамс Чарани. Искусниот 35-годишен кошаркар во Бостон пристигнува преку размена од Чикаго булс, а во спротивна насока заминува бекот Анферни Сајмонс. Дополнително, двата клуба добија и по еден избор од втората рунда на НБА-драфтот.

Вучевиќ го носеше дресот на Чикаго од март 2021 година и во целиот период важеше за еден од најконстантните играчи во тимот. Во речиси секоја сезона бележеше меѓу 17 и 18 поени, додавајќи и 10 до 11 скока по натпревар. Во актуелната сезона настапи на 48 натпревари, со просек од 16,9 поени, 9,0 скока и 3,8 асистенции.

За Вучевиќ ова ќе биде четврта НБА-франшиза во кариерата. Професионалниот пат го започна во Филаделфија, потоа мина осум и пол сезони во Орландо, пред да се пресели во Чикаго, а сега ќе го облече дресот на еден од најтрофејните клубови во лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот