Никола Поповски: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ создава конфузија кај членството, затоа не одам на протести

Не одам на протестите на ВМРО-ДПМНЕ зошто мислам дека немаат концепт и создаваат конфузија во членството. Доколку правиме протести тие да имаат цел, изјави Никола Попоски во Само интервју на Канал 5.

По сите природни текови на партијата Мицкоски беше природен наследник на чело на партијата. Би можел да бидам кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ но само по легитимен пат, смета Попоски.

-ВМРО-ДПМНЕ може да направи многу повеќе од ова што е сега. Сметам дека праксата на преголемо затварање и исклучување на голем дел на членови на еден или друг начин, не зборувам само формално исклучување туку и дистанцирање не е формула која не носи на победа. Приоритетот на врвот на партијата треба да биде да го шири тој круг што е можно повеќе. Концептот кој го има ова раководство на ексклузивност, на исклучување на отргнување на што е можно повеќе членови од базата и таа разлика што ја создадовме меѓу раководство и членство мора да се покрие доколку сакаме да победиме на некои следни избори, рече Попоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот