Фото: ФК Работнички

Никола Пејовиќ е ново засилување за ФК Работнички

Српскиот интернационалец Никола Пејовиќ (27) е ново засилување за фудбалскиот клуб Работнички. Тој игра во дефанзивната линија и може да одговори на позициите стопер и десен бек.

Негов последен клуб е Борац Бања Лука, а во кариерата има играно и за Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе, Земун.

Нов играч на тимот е и Ардит Дестани, кој есенскиот дел од оваа сезона го помина во дресот на Шкупи. Претходно ФК Работнички објави дека Сухел Мухареми потпиша договор на 18 месеци. Мухареми се враќа во клубот по пауза од четири години.

Воедно, Зија Мерџани потпиша шестмесечен договор со клубот, и тој треба да ја пополни левата странична позиција во вториот дел од сезоната. Во минатото беше дел од Шкендија и Струга Трим Лум.

Имаше и шест заминувања од клубот, Работнички им се заблагодари на Флоријан Кадриу, Васко Василев, Амир Велиќ, Калани Алмеида, Демир Имери и Џелил Асани.

„Романтичарите“ предводени од тренерот Муарем Муарем веќе ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Покрај тренинзите, формата ќе се темпира и со одигрување на контролни натпревари. Во воведната фаза тимот на Муарем на стадионот Маџари на 18 јануари (недела) од 13.00 часот ќе тестира против Шкупи, а четири дена подоцна на истиот стадион ќе игра против Охрид од 13.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот