Фото: ФФМ

Никој како Лихтенштајн: Најслабата репрезентација во Европа играше во нашата група, Гибралтар и Сан Марино беа подобри

Квалификациите за Светското првенство во Европа завршија, а преостанува уште баражот што ќе ги пополни последните четири места за Мундијалот од европскиот континент.

Време е да се сумираат впечатоците, а по завршувањето на квалификациите јасно се издвојува која е најслабата селекција во Европа и таа играше во групата на Македонија.

Имено, само една репрезентација не успеа да постигне ниту еден гол. Станува збор за Лихтенштајн, кој квалификациите ги заврши со осум порази на осум натпревари и гол-разлика 0:31. Дури и Гибралтар и Сан Марино беа поуспешни од Лихтенштајн, постигнувајќи три, односно два гола. Лихтенштајн не постигна гол во цела 2025 година.

Ова е седми пат една европска репрезентација да ги заврши квалификациите без победа и без постигнат гол. Претходно до овој неславен рекорд стигнаа Андора (2014), Малта (2010),  исто така Лихтенштајн (2002), Сан Марино (1998), повторно Малта (1978) и Кипар (1966).

Презеемено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот