Никогаш не ставајте врела храна во блендер!

Кујнските алатки се одлични кујнски помошници со кои си ја олеснувате работата. Еден од нив е блендерот, кој можете да го користите во разни ситуации, но морате да знаете дека во него никогаш не смеете да ставате врели состојки.

Блендерот е совршена алатка за мелење јаткасти плодови, правење пире, мешање на омиленото овошје во смути, дури и за кршење мраз. Првиот блендер е измислен од Стивен Поплавски во 1922 година и оригинално бил користен за правење пијалаци. Подоцна од него со разни измени е добиен блендерот без кој денес не може да се замисли ниту едно домаќинство. Ги има разни видови и под разни имиња, а сите тие имаат една цел – да го олеснат готвењето, без разлика дали сте професионален шеф или аматер во кујната. Една од опциите за користење на блендерот е правење крем-супи. Но дали знаете дека никогаш не смеете да ставите врела течност или штотуку сварен зеленчук, во блендерот?

Доколку правите крем-супа или некој сос и треба да ги миксирате сварените состојки, ставањето врела течност или зеленчук во блендерот може да биде навистина опасно и во најлош случај може да резултира со експлозија на капакот, прскање течност и изгореници. Да не зборуваме за нередот во кујната што ќе се создаде. 

За да го избегнете тоа, имате неколку опции. Прво е да оставите да се изладат состојките, а потоа да ги изблендирате. Ако не можете да чекате, втора опција е да користите рачен блендер. Притоа почнете полека со блендирање – на најмала брзина, движејќи го блендерот од површината надолу. Така ќе избегнете прскање на храната. За секој случај додека блендирате, можете одозгора да ставите крпа што ќе спречи да прска течноста наоколу. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот