Никаде нема толку труења со киселина како во Македонија, вели д-р Беќаровски

Фото: Телма / принтскрин

Случајот со битолчанецот кој наместо вода испи концентрирано средство за садови, предизвика дебата во јавноста.

Здравствените работници велат дека момчето е во добра состојба и закрепнува, но она што загрижува е што во земјава се регистрираат голем број случаи на труење со медикаменти.

Сепак, алармот се вклучува и на случаите со свесно труење со киселини, за што земјава е рекордер во Европа, откри во Утринската програма на Телма проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

-Најголем дел се сепак труења со медикаменти, пред сè со лекови за смирување, тука доминира „диазепамот“. Но, тоа што би сакал да истакнам, зошто е крајно алармантно, ние сме држава која е рекордер по бројот на труења со киселини. Нема ни една друга држава во Европа што има толку труења со киселини по глава на жител. Зборуваме за свесни труења, како обид за самоубиства. Можете да замислите кој е очајот за да посегнете и да си го одземете животот со корозивно средство, потенцираше Беќаровски.

„Се напив една голтка и веднаш осетив дека не е вода“: Пациент отруен со корозивно средство примен на Tоксикологија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот