Ни умираше пред очи: Девојката што почина од анорексија, се изгладнувала до несвестици и паѓање

Фото: Фејсбук

Родителите на 23-годишната девојка која почина од анорексија откако се изгладнуваше „половина од својот живот“ ги опишаа ужасните работи низ кои поминала нивната ќерка за време на болеста, признавајќи дека била „брилијантна“, но „психотична“, пишува „Дејли мејл“.

Медлин Билингс од Денвер, Колорадо, почина во сон на 30 декември 2021 година, по долгогодишна борба со нарушување во исхраната.

Сега нејзините родители Ник и Лиза ги споделија ужасните детали од нејзините последни денови, објаснувајќи за емисијата „Today“ каков бил животот на нивната ќерка во канџите на анорексијата.

– Таа беше брилијантна, но на крајот беше психотична. Мислам, во разговорите што ги имав со неа во последната недела од нејзиниот живот, тоа не беше Меди. Сето тоа беше болест – рекол Ник (53).

Тој објаснил дека Медлин била „опседната“ ако случајно испила голтка газиран пијалак наместо диетален пијалак.


Родителите рекле дека првпат забележале дека нешто не е во ред со Меди кога имала 13 години.

– Отиде со баба ѝ и дедо ѝ на патување во Франција каде што запозна друга тинејџерка која боледувала од нарушување во исхраната. Таа девојлка ѝ оставила впечаток – рекле нејзините родители, па додале:

„Потоа, летото пред осмо одделение, таа отиде во фудбалски камп, а кога се врати дома, ги видовме првите разлики кај нашето дете. Беше ослабена и не личеше баш на себе.“

Таа состојба, по посетата на лекар и одредени лекови поминала, но се вратила во средно училиште.

Однадвор, нејзината мајка и татко рекоа дека Меди изгледала сосема нормално — таа била одличен студент, играла хокеј на трева и фудбал и изгледала здраво. Но, внатре била секојдневна борба.

Ник се присетил колку било стресно времето за вечера, кога тој и Лиза морале да ја принудуваат Меди да јаде.

Покрај нарушувањето во исхраната, Меди страдала и од анксиозност.

„Бевме во болница. Бевме во амбуланта. Ја носевме на терапија. Пиела лекови. И стануваше се полошо. Знам дека конвенционалното лекување, претпоставувам, делува кај некои, но не функционираше за неа“, рече Ник.


Кога започнала пандемијата на почетокот на 2020 година, нејзините родители рекле дека Меди се пожалила дека се чувствува осамена.

Во текот на последната година од животот, Лиза рекла дека Меди „многу се разболела“, објаснувајќи дека често се онесвестувала кога ќе станела, бидејќи нејзиниот крвен притисок бил многу низок.

„Навистина, се чувствував како нашето дете да умира пред нас“, се сеќава Ник.

Таа во моментот на нејзината смртта била на листа на чекање во центар за лекување на нарушувања во исхраната во Денвер.

Сега, Ник и Лиза зборуваат јавно за борбите и проблемите на нивната ќерка со надеж дека ќе ги предупредат другите родители за опасностите од анорексијата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот