„Независни за Карпош“: Ќе го кренеме Карпош на нозе ако се донесе ДУП за изградба покрај Вардар

Мнозинството во Советот го имаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со советник од ЗНАМ, ГРОМ и уште некој. Ќе ги држиме советниците на ВМРО-ДПМНЕ за збор, кои цел минат мандат изјавуваа дека нема да гласаат за урбанистички планови кои планираат изградба на згради од десната страна на Вардар, каде се планирани и овие бројни згради, велат од „Независни за Карпош“, откако „Слободен печат“ објави дека, според неофицијални информации се планира изградба на две населби „Скопје на вода“ и „Скопје на дланка“ на просторот помеѓу булевар „Илинден“ и Вардар.

Остануваме будни и активни и сигурно нема да дозволиме туку така да се донесат вакви урбанистички планови кои се простираат во 3 градски четврти, З 01, З 04, З 07. Ако сметаат дека нема да го дигнеме Карпош на нозе, нека знаат дека тоа ќе биде најмалото нешто што ќе го направиме. После 4 години полна уста зборови за работење во интерес на граѓаните, на гласање урбанистички планови со згради само од другата страна на Вардар, ако планираат вакви планови исклучиво во интерес на приватни инвеститори и со тоа да го уништат квалитетот на живот на карпошани, особено во овој дел од општината, нема да помине! -тврдат од „Независни за Карпош“.

Се подготвува ли изградба на „Скопје на вода“ и „Скопје на дланка“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот