Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Невреме со силен ветар и дожд, кое вечерва околу 21.00 часот го зафати струмичкиот регион, предизвика штети на повеќе локации.

Според информацијата од Територијалната против пожарна единица на Струмица, урнати се големи дрвја на улицата „Елка Јанкова”, на излезот од Струмица кон селото Куклиш и на улиците „Крушевска република“ и „5 Ноември“, а во селото Петралинци заради уривање на столб прекинато е снадбувањето со струја.

– Наши екипи интервенираа каде има паднати дрвја, а со брза интервенција успеавме да отстраниме делови од искршено дрво на патот Струмица-село Куклиш каде овозможивме, по кусиот прекин, сообраќајот да продолжи да се одвива по една коловозна лента, информираше Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Според информациите од струмичките пожарникари, нема повредени, ниту пак е предизвикана штета врз возила и објекти.

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот