Невиден скандал: Здравствените власти го прекинаа дербито помеѓу Бразил и Аргентина

Бразилската полиција го прекина големото репрезентативно дерби/ фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Неверојатни сцени на најголемото репрезентативно фудбалско дерби помеѓу Бразил и Аргентина кои донесоа прекин на натпреварот.

Здравствените власти на Бразил одредија карантин за четворица аргентински репрезентативци кои играат во англиската Премиер лига, и тие не требаше да настапат на вечерашниот квалификациски натпревар.

Сепак, по притисоците од Конмебол (Фудбалска федерација на Јужна Америка), Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија, Џовани ло Селсо и Кристијан Ромеро добија дозвола да играат на вечерашниот натпревар во Ресифе, но со таа одлука не се согласија бразилските државни власти.

Поради тоа во Сао Паоло настана вистински хаос откако бразилските здравствени власти го прекинаа натпреварот за да ги приведат четворицата аргентински фудбалери поради што натпреварот е прекинат.

Според бразилските здравствени власти, четворицата фудбалери наводно на им кажалена имиграциските власти дека неодамна биле во Велика Британија и по влегувањето во Бразил не биле 14 дена во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот