Неверојатно откритие: Пронајдени детски скелети стари околу 7.600 години на југот на Турција
Археолозите открија два човечки скелети на југот на Турција, за кои се проценува дека се стари околу 7.600 години.
Препорачано
Откривањето на скелетот на дете и новороденче се случи за време на ископувањата на тумбата Домузтепе во областа Туркоглу, пренесува „АА“.
Домузтепе е препознаен како една од најголемите населби од доцниот неолит. Скелетите се пронајдени во две одвоени гробници, а детето се проценува на околу шест или седум години. Халил Текин, водачот на археолозите вели дека ова место првпат било населено пред речиси 9.000 години.
„Откривме две гробници, од кои едната му припаѓаше на новороденче, до темелот на зграда поврзана со зграда во форма на клучалката. Ова беше целосно изненадување за нас, бидејќи гробовите многу ретко се наоѓаат во Домузтепе“, рекол Текин.
Текин вели дека околу 40 скелети биле пронајдени во област која друга екипа во истиот регион во претходните години ја опишала како „јама на смртта“.
Тој додаде дека за време на доцниот неолит, доенчињата и децата често биле закопувани внатре или во близина на зградите, веројатно за да се одржи нивната врска со домот. Покрај еден од скелетите откриен е и лонец за хранење.


