Фото: Screenshot

Неверојатна сцена во ЛШ: Голманот на Баерн од трибините седна на клупата и беше спремен да влезе во игра

Во првиот натпревар од осминафиналето помеѓу Баерн и Баер Леверкузен (3:0) беше видена неверојатна сцена која веројатно никогаш претходно не се случила во ова натпреварување.

Капитенот на Баерн, Мануел Ноер во 54 минута поради повреда мораше да го напушти теренот, а во тој момент бидејќи Свен Улрајх не беше во составот и натпреварот го следеше од трибините на голот застана младиот Џонас Урбиг за кого ова беше деби за Баерн.

Сепак, Улрајх кој беше пријавен за натпреварот по повредата на Ноер се пресоблече и се симна на клупата во улога на резервен голман.

Улрајх беше спремен да влезе во игра во случај на повреда или црвен картон на Урбиг, но тоа не се случи, па остана само на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот