Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Нетанјану ќе го тужи „Њујорк тајмс“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави на „Икс“ дека им наложил на своите правни советници да ги разгледаат „најстрогите правни мерки“ против „Њујорк тајмс“ и неговиот колумнист Николас Кристоф.

Нетанјаху реагираше откако „Њујорк тајмс“ објави текст во кој се наведува систематска сексуална злоупотреба на палестински затвореници во израелските затвори. Во написот се опишани случаи на малтретирање на палестински притвореници, вклучително и сведоштва на поранешни затвореници и наводи за постапување на израелските сили.

„Чуварите се смееја додека дресирани кучиња ме силуваа“, гласи едно од сведоштвата наведени во текстот.

„Денес им наложив на моите правни советници да ги разгледаат најстрогите правни мерки против ‘Њујорк тајмс’ и Николас Кристоф“, напиша Нетанјаху.

Израел воведува јавни судења и смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот