Нетанјаху ќе оди кај Трамп со планови за напад врз Иран?
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на претстојната посета на САД ќе му ги претстави на американскиот претседател Доналд Трамп плановите за можен напад врз Иран, објави „Ен-би-си њуз“, повикувајќи се на повеќе неименувани официјални лица.
Препорачано
Според извештајот, Израел е сè позагрижен дека Иран по 12-дневната војна во јуни ја обновува, па дури и ја проширува, продукцијата на балистички ракети. Дополнително, постојат стравувања дека Техеран повторно ја гради својата нуклеарна програма за збогатување ураниум, која беше сериозно оштетен од израелските, а подоцна и од американските напади, се наведува во извештајот.
Иако Израел јавно ја оценува иранската нуклеарна програма како егзистенцијална закана, официјалните лица велат дека балистичките ракети во Ерусалим се сметаат за поитна и поакутна опасност.
„Нуклеарната програма за оружје е многу загрижувачка. Постојат обиди за нејзина обнова, но тоа не е непосредна закана. Но, заканата од ракетите е многу реална и минатиот пат не успеавме да ги спречиме сите,“ изјавиле изворите запознаен со израелските планови.
Се очекува Нетанјаху и Трамп да се сретнат следната недела во резиденцијата Мар-а-Лаго на американскиот претседател во Флорида.
Израел одби да го коментира извештајот.
Во одговор до „Ен-би-си њуз“, портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, изјави: „Како што претседателот Трамп веќе кажа, доколку Иран тргне кон развој на нуклеарно оружје, тој објект ќе биде нападнат и уништен уште пред да се приближи до таа цел“.


