Нетанјаху ги пофали американските воздушни напади врз иранските сојузници

Нетанјаху / Фото Архива

Нетанјаху телефонски му честитал на американскиот државен секретар Мајк Помпео на „важната акција на САД против Иран и нивните сојузници во регионот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху се пофали и ги оцени како важни американските воздушни напади на позициите на ирачките едници поддржани од Иран.

Нетанјаху телефонски му честитал на американскиот државен секретар Мајк Помпео на „важната акција на САД против Иран и нивните сојузници во регионот“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

САД вчера соопштија дека во Ирак и во Сирија извршиле воздушни напади на пет позиции на ирачката единица Бригади на Хезболах, кои ги сметаат за виновни за нападот кој се случи во петокот на северот на Ирак, кога е убиен американски воен снабдувач.

Во американските воздушни напади загинаа 25 борци на Бригадите на Хезболах, а истите се први американски напади на ирански сојузници во Ирак уште од 2011 година. САД денес објавија и видео-снимка од нападот.

Ирачките Бригади на Хезболах, кои делуваат одвоено од либанската група Хезболах, дејствуваат во рамки на Силите за народна мобилизација, ирачки паравоени формации одобрени од владата. Многу од овие групи ги поддржува Иран.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац вчера ги поздрави американските напади, означувајќи ги како „пресвртница во регионалниот одговор за Иран и неговите сојузници“, со оцената дека Иран ќе направи „голема грешка ако не ја сфати силата на САД“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот