Нешто смрди во хируршките сали на Клинички: Ќе останат затворени, а одговорност нема да понесе никој

Илир Демири - министер за здраство / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Хируршките сали во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе останат затворени додека не дојдат резултати од примероците од компресорите кои се пратени во Германија. Оттаму се шири смрдеа па хируршките сали се затворени една недела, а изворот не е познат.

Министерот за здравство Илир Демири не знае кога ќе дојдат резултатите од Германија, а одговорност нема да понесе никој ни во заедничките служби под владата, одговорни за компресорската станица.

За итните случаи во моментов има 6 надворешни компресори и кога тие ќе се постават, не се чувствува непријатна миризба. Другите пациенти се препраќаат во ГОБ „8 Септември“ или во градската болница. Листата на чекање за елективни операции или за помалку сериозни дијагнози се зголемува.

Министерот за здравство вели дека ниеден диркетор од хируршки клиники не му депонирал оставка поради хаваријата со компресорот што ги остави пациентите во неможност да им се вршат операции.

Демири кажа дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години. Инсталацијата за снабдување со кислород е е стара 30 години. Пред еден месец имало хаварија во компресорската станица, се расипал еден од компресорите и дошло до оштетување, т. е. течело масло во тие цевки. Тој компресор бил исклучен од функција и клиниките продолжиле да функционираат со останатите два компресора, кои поминале технички преглед од две независни институции.

„Пред девет дена, без да има хаварија се појави лоша миризба, веднаш реагиравме и ангажиравме надворешни фирми ‘Пегаз’ и ‘Трегер’ за да испитаат.

Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, испративме примероци во Германија.

Извештајот од двете независни компании е дека не утврдиле никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорските станици“, рече министерот Демири.

Во Македонија нема лиценцирана лабораторија со дозвола да го оцени квалитетот на воздухот и затоа денеска се испратени мостри во Германија.

ВИДЕО | Скандалозно: 170 луѓе на Кардиохирургија фантомски не биле внесени во „Мој Термин“, Обвинителството на потег

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот