Пратеникот Илир Демири излезе од „Европскиот фронт“ и ќе дејствува како независен
Пратеникот Илир Демири го напушти политичкиот блок „Европски фронт“ и од сега ќе делува како независен пратеник. За оваа одлука вечерва тој го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши. Демири во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство. На Локалните избори тој беше дел од Националната алијанса за интеграции предводена од Али Ахмети.

