Непречено се прегласува во Долнени и Крушево

Претседателски избори 2024 / Фото: ''Слободен печат'' / Слободан Ѓуриќ

Непречено и без проблеми протекнува прегласувањето на четирите избирачки места во Долнени и во Крушево. Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти

– Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени.

Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот