Необично откритие во Јадранското Море, научниците збунети: „Никогаш порано не сме виделе ваква сцена“
Јавната установа „Ареа Марина Протета Мирамаре“ од Трст објави необична сцена, која е снимена на карпестото морско дно на Јадранското Море.
Препорачано
На едно место е видена поголема група суштества, кои се претежно склони кон осамен живот, претпочитајќи го песокот. Сосема е необично да се видат толку голем број таканаречени виолетови ежови (sphaerechinus granularis) во област која не е идеална за нив, пишува „Морски.хр“.
Особено од причината што видот „paracentrotus lividus“ најчесто се гледа на карпестото морско дно, а сега имало само неколку од нив околу Трст.
Истражувачите во тој дел од Јадранското Море никогаш порано не виделе таква сцена.
– Некои истражувања покажаа дека овој вид еж мигрира во одреден момент од својот живот, стимулиран од промена во навиките во исхраната. Имено, додека младите претежно се хранат речиси исклучиво со варовнички алги, кои ги наоѓаат на песочното дно, како што стареат, мигрираат кон карпите, каде што наоѓаат многу храна меѓу макроалгите, фрагментите од морски растенија и варовничките алги – објаснуваат експертите.
Голем број ежови на едно место би можел да се објасни и со достапноста на кафеави алги, кои им овозможуваат на возрасните да ја збогатат својата растителна исхрана.
Јасно е дека необичните суштества се собрале на едно место со добра причина, а најверојатно е поврзана со храната.


