Необично име, незаборавен вкус: Песок торта – совршен спој на крем од ванила, ореви и кокос

Фото: Free Image

Кога немате многу време за подготовка на колачи или не сте расположени да поминете повеќе време матејќи филови, можете да се определите за песок тортата која не се пече.

Песок тортата се прави брзо, а состојките се такви што не може да се одолее.

Состојки:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
300 гр шеќер
250 гр маргарин
200 гр мелени бисквити
200 гр кокос
200 гр мелени ореви
шлаг за декорација

Подготовка:

Сварете 4 пудинзи од ванила, но не според упатствата од ќесичката, туку во 1 литар млеко. Изладете го пудингот и во него додадете маргарин, пенесто изматен со шеќерот.

Поделете ја смесата на три дела. Во едниот дел додадете кокосово брашно, во другиот мелените ореви, а во третиот мелените бисквити. Треба да се додадат толку состојки за пудингот да биде доволно цврст за да може да се размачка.

Во калапот за торта ставете го прво филот со бисквити, врз него филот од кокос, а на крајот со оревите. Потоа, по желба декорирајте ја тортата со изматен шлаг. По желба, оставете ја тортата во фрижидер да се стегне.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 💙shanibanoufal (@shanis_cake_rack)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот