Необични работни позиции во Бакингамската палата: Човек – будилник, дегустатор или вработен кој ги разгазувал чевлите на кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета, за време на нејзиното владеење покрај редовните слуги, стилисти и чувари, имала вработено и неколку лица кои извршувале необични работни обврски во Бакингамската палата.
Носач на чевли – личност која ги носела чевлите наместо кралицата со цел „да ги разгази“ за кралицата да би немала непотребни непријатности при носењето на секој нов пар чевли.
View this post on Instagram
Чувар на уметнички вредности – Иако палатата има чувари, кралицата имала ангажирано специјално лице кое е исклучиво задолжено да се грижи за вредните слики што ги поседува во палатата, а се проценува дека ги има над седум илјади .
Мајстор за музика – Кралицата не ja избирала музика случајно. Затоа го ангажирала композиторот Џудит Веир, која ќе остане на таа позиција десет години.
Човеч – будилник – Додека повеќето луѓе се будат со помош на непријатен аларм од будилникот или мобилниот телефон, кралицата ангажирала приватен свирач на гајда, која секое утро ја будел во 9:15 часот свирејќи под нејзиниот прозор.
View this post on Instagram
Часовничар – во палатите има повеќе од илјада часовници, од кои некои се стари повеќе од сто години. Затоа Елизабета ангажирала лице кое ги посетува и ги проверува сите тие часовници секој ден и ги навива или ги поправа доколку е потребно.
Дегустатор на храна – Кралицата и нејзиниот сопруг, принцот Филип, секој оброк го доверувале на лицето кое било вработено да ја дегустира храната пред нив.
View this post on Instagram
Одговорен за коњите – Не е тајна дека кралицата обожаваше јавање и покрај нејзината возраст, таа не ја пропушташе можноста да јава коњ. Сепак, таа е секогаш беше придружувана од нејзиниот „мастер“ за коњи, Лорд де Молеј, кој секогаш и се придружувал во јавањето.