НЕМОЈ ДА ЛАЖЕШ: Троицки направи голем скандал во Хамбург! (ВИДЕО)

twitter.com/SkySportsTennis

Српскиот тенисер не успеа да се пласира во четвртфиналето од челенџер турнирот во Хамбург (Германија). Во третото коло е поразен од Шпанецот Бернабе Запата Мираљес со 6:3, 7:6 (4) за скоро два часа игра.

Овој меч го одбележа скандалот во режија на Виктор Троицки кој беше незадоволен од една судиска одлука. На 4:4 во вториот сет Троицки спаси една брејк топка со удар за кој Шпанецот мислеше дека е во аут, но судијата првобитно не се огласи.

Мираљес лежеше на подот правејќи „сцена“, а потоа линискиот судија после неколку секунди дојде до главниот судија велејќи му да досуди аут за ударот на Виктор, но „заборави да рече АУТ“, туку само покажало со рака. Судијата ја промени првобитната одлука Троицки да го добие поенот, па српскиот тенисер го загуби гемот, по што следуваше нова „драма“.

– Дојди тука, се колнам дека ќе ти направам проблем. Дојди тука, ќе направам проблем – Троицки му зборуваше на супервизорот кој беше блиску до теренот.

Троицки потоа се насочи кон главниот судија, кој побара причина за повикување на супервизор, по што Троицки многу гласно викна кон него: „Дали сакаш проблем? ПОВИКАЈ ГО“.

Србинот ја опомена и судијката „која не беше сигурна“ да ја промени својата одлука, во спротивно тој уште повеќе ќе вика. Продолжи да вика кон главниот судија: „Немој да лажеш, таа ништо не кажа“.

– Погледнете ја, се тресе…Не сакам да викам кон нејзе, но таа не ги знае правилата. Не сакам да ја исплашам, таа мисли дека јас сум лошиот која ќе ја исплаши. Само кажи ја вистината, рече дека не си сигурна – не се откажуваше Троицки.

Но, на крајот поенот му припадна на Мираљас. Троицки не сакаше „никого да обвини“, но заврши со овие зборови кон главниот судија:

– Не очекувам ништо од тебе. Можеби единствено очекуваш да паднеш од столот. Тоа е сè што очекувам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот