Фото: Greek City Times / Instagram

Нема знаци дека хакери го предизвикале колапсот на грчкиот авиосообраќај: Мистеријата ќе ја истражува специјален комитет

Грчките власти не најдоа знаци на хакерски напад во вчерашниот прекин на авиосообраќајот во Грција, кој настана по технички проблем во атинскиот информативен регион за летови. Тие формираа специјален комитет на високо ниво за да ги утврди точните причини за прекинот на комуникациите во контролата на воздушниот сообраќај кој се случи викендов во Атинскиот информативен регион за летови (ФИР), пишува „Катимерини“.

Комитетот е формиран со одлука на Министерството за транспорт и ќе го води Христос Цитурас, раководител на грчката Управа за цивилно воздухопловство.

Според министерството, тој треба да ги разјасни точните технички причини за инцидентот што се случи во неделата, кога властите пријавија масовно мешање на речиси сите фреквенции на контролата на воздушниот сообраќај во Атинскиот FIR, привремено прекинувајќи ги летовите низ целата земја.

Објавата доаѓа во време кога веќе се во тек посебни внатрешни и кривични истраги. Грција не побарала помош од Европската комисија, иако претставниците на ЕУ велат дека остануваат во близок контакт со грчките власти и Евроконтрол, додека причината за прекинот, без разлика дали е внатрешен или надворешен, останува непозната.

Воздушниот простор на Грција вчера утрото целосно беше затворен, а авионите не полетуваа и не слетуваа на ниту еден аеродроми во земјата, поради мистериозен „технички проблем со радиофреквенциите“. Синоќа делумно за полетување и за слетување се отвори само аеродромот во Атина.

Чуден проблем Во Грција: Ниту еден авион не може да слета и да полета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот