Фото: Greek City Times / Instagram

Чуден проблем Во Грција: Ниту еден авион не може да слета и да полета

Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен, а авионите не полетуваат и слетуваат на ниту еден аеродроми во земјата, поради мистериозен „технички проблем со радиофреквенциите“, пренесе „Грик сити тајмс“.

Авионите кои треба да слетаат во Грција ќе го направат тоа мануелно, без автоматизирани системи.

Според властите, некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (зоната на контрола на летање над грчкиот главен град) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел апсолутно да се зачува безбедноста на летовите, се опслужуваат само дел од прелетите и воведени се ограничувања на грчките аеродроми.

Проблемот предизвика големи гужви на аеродромот во Атина.

Авиосообраќајот во земјата е во целосен прекин од 9 часот утрово, а дел од авионите веќе се пренасочени да слетаат на алтернативни аеродроми во соседните држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот