Нема турнеја за 2020 година: Откажан концертот на „Пласибо“ во Скопје

Концертот на „Пласибо“ во Скопје закажан за 25 јуни на Стадионот на АРМ, сепак нема да се одржи, а откажани се и сите други нивни концерти во рамките на турнејата за 2020 година, соопшти „Авалон продукција“.

Станува збор на датуми за нова турнеја за идната 2021 година, а повеќе за тоа ќе се знае кон средината на септември.

Сите што купиле билети и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27 мај, од 9 часот наутро.

Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите, соопшти организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот