Нема кафе ниту мезе за попишувачите
Секој попишувач кога ќе влезе во домот на семејството што го попишува мора да носи заштиткна маска (КН95), спреј за дезинфекција на раце со 70 отстотен алкохол и каљачи на обувките – се предвидува меѓудругото во здравствениот протокол при спроведување на пописот, што по препорака на Комисијата за заштита од заразни болести завчера го усвои Државниот завод за статистика.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Попишувачот задолжително треба да ги мие рацете и да се дезинфицира пред влегување и по излегување од домот, да одржува дистанца од 1,5 – 2,0 метри за цело време на попишувањето, а притоа не смее да ја вади или менува заштитната маска и не смее да јаде или да пие додека престојува во домот во кој врши попис. Преносниот компјутер мора да биде дезинфициран надворешно, пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството. Секогаш кога има такви услови пописот треба да се врши на отворено, на тераса, на веранда или во двор, повторно со придржување кон заштитните мерки.
Попишувањето на лицата кои во време на пописот ќе бидат позитивни на ковид-19 и во домашна изолација ќе бида посебно организирано и следено. Тие ќе бидат посетени по завршувањето на периодот на домашна изолација, а тие што ќе бидат во изолација до крајот на пописниот период ќе бидат телефонски контактирани да посочат блиско лице, кое не е во изолација, а кое ги знае нивните податоци и во нивно име може да одговори на прашалниците.


