Нема да се рушат деловни објекти при проширувањето на булеварот „Цветан Димов“, вели Меџити
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити во емисија на ТВ21 изјави дека изградбата на булеварот „Цветан Димов“ ќе продолжи без одложувања и веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје.
Препорачано
Според Меџити, во моментов се работи со висок интензитет за да се обезбеди целата потребна документација и да се најдат решенија што нема да ги доведат во прашање градежните активности.
Како најкритична точка градоначалникот на Чаир ја посочи локацијата кај станбен објект спроти основното училиште „Лирија“, каде, како што вели, се концентрирани најчувствителните имотно-правни и технички прашања.
Во однос на тоа дали ќе има потреба од уривање на деловни објекти за изградбата на булеварот, Меџити вели дека тоа нема да биде потребно и додаде дека доколку на некој жител му биде одземен дел од имотот поради трасата на која ќе се гради булеварот, тој, како што вели градоначалникот, правично ќе биде обесштетен.


