Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Неколкукратно убиство и обид за самоубиство во Германија: Си отрула пет деца, па се фрлила под воз

Германската полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Золинген, град во западна Германија. Според тамошните медиуми, 27 годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да се самоубие со фрлање под воз во Дизелдорф. Полициски извори соопштија дека децата биле отруени со апчиња. Меѓу починатите деца, три се девојчиња на возраст од една и пол, две и три години и две момчиња на возраст од шест и осум години.

Шестото и највозрасно дете, момче на возраст од 11 години е живо, на безбедно и згрижено од роднини. Локалните медиуми јавуваат дека тој со својата мајка тргнал кон железничка станица во посета на бабата, но мајката во еден момент излегла на станицата во Дизелдорф и скокнала под воз.

Полицијата соопшти дека бабата се обидела да стапи во контакт со нив околу 14 часот и по неколкуте неуспешни обиди се  упатила кон станот во Золинген. Самите работници од службите за итни случаи биле трауматизирани од глетката што ја нашле во станот. Тие се обиделе да ги реанимираат децата, но било предоцна. Засега е нејасно дали преживеаното дете било сведок на настаните во станот.

Портпаролот на полицијата, Штефан Вејанд, рече дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката закрепнува и сè уште не е во можност да биде испрашувана.

„Не знаеме како и зошто се случи ова страшно злосторство“, изјави Вејанд за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот