Неколку европски земји ја активираа одбранбената клаузула во Балтичкото Море

Балтичко Море / фото: EPA-EFE / Johan Nilsson

По неколку инциденти во северните води, 10-те северноевропски земји кои ги сочинуваат Здружените експедициски сили фокусирани на оперативната одбрана во Северна Европа, одлучија да ја активираат одбранбената клаузула која овозможува распоредување на дополнителни воени средства за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море.

 

Повеќе поморски и воздушни капацитети ќе бидат распоредени во Балтичкото Море за да помогнат во заштитата на клучната подводна инфраструктура, се вели во заедничката изјава на 10 министри за одбрана, објавена на веб-страницата на Министерството за одбрана на Велика Британија.

– Ова е првпат здружените експедициски сили да  ја активира одбранбената клаузула, се наведува во соопштението и се додава дека овие активности ќе почнат на почетокот на декември.

Во текот на 2023 година, експедициските сили развиле серија опции за одговор дизајнирани да го одвратат и одбранат регионот од закани и да овозможат брз одговор на кризи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот