Некогаш губеле 1.000 евра, сега куќи и милиони: Хрватска го активираше „Регистарот на исклучени коцкари“
Ако порано се зборуваше дека зависниците од коцкањето губеле од 1.000 до 10 илјади евра, денес оваа појава добива катастрофални димензи во Хрватска. Ова се луѓе кои ги изгубиле своите куќи и се во долгови вредни милиони. Луѓето зависни од коцкање, кои гледаат дека нивниот проблем може да се развие или веќе се проширил, можат да се регистрираат во „Регистарот на исклучени играчи“, нов систем за спречување на зависноста од коцкање, и со тоа да се исклучат од сите физички и онлајн обложувалници и казина, со што ќе спречат можна катастрофа, предупредува Пословни дневник.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) го имплементираше Регистарот, кој досега дозволуваше исклучување само за индивидуални организатори на игри на среќа. Новиот систем, кој е целосно оперативен од 1 ноември, овозможува централизирано исклучување кое важи за сите организатори на игри на среќа.
„Системот ги поврзува сите релевантни учесници со цел да се ограничи пристапот до игри на среќа за луѓето кои самите го бараат тоа“, вели Миа Мардешиќ, раководител на Регистарот на исклучени играчи во ХЗЈЗ.
Таа додава дека сите организатори на игри на среќа се должни да го потврдат идентитетот на секој играч и нивниот статус во Регистарот пред да им дозволат да учествуваат во играта. Барањето за исклучување може да се поднесе самостојно или со помош на овластени институции како што се Хрватскиот завод за социјална работа, здравствените установи, организациите што се занимаваат со заштита на семејството и лекување на зависности, како и самите организатори на игри на среќа.
„Во секој случај, потребна е согласност од лицето, освен ако исклучувањето не е утврдено со судска одлука“, вели Мардешиќ.
Според студијата од 2023 година за злоупотреба на супстанции кај општата популација на Република Хрватска, спроведена на секои четири години од страна на Хрватскиот институт за јавно здравје, Игрите на среќа се присутни кај значителен дел од возрасните во Хрватска, претежно на возраст меѓу 35 и 44 години, а помалку кај младите луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години.


