Нејмар/Santos FC/X

Нејмар сè уште не знае дали воопшто ќе оди на Мундијалот, но откри за какво финале сонува

Иако Нејмар не знае дали воопшто ќе оди на Мундијалот со Бразил бидејќи селекторот Карло Анчелоти не го повика на последните подготвителни натпревари, сега отворено зборуваше за какво финале сонува.

Бразилската ѕвезда и понатаму се надева на повик, а сонува за финале против Аргентина.

„Финале меѓу Бразил и Аргентина? Тоа би било фантастично“, изјави Нејмар, додавајќи дека турнирот постојано му е во мислите. „Секако дека размислувам за Светското првенство. Како и секој играч, сакам да бидам таму и се надевам дека тоа ќе се оствари.“

Евентуално финале меѓу овие две фудбалски велесили би донело судир на едни од најголемите ривали и светски ѕвезди на ист терен. Сепак, и покрај неговата јасна желба повторно да го облече националниот дрес, останува неизвесно дали тоа навистина ќе се случи.

ВИДЕО | Моментот кога Нејмар дозна дека не е на списокот на Бразил: Еј Анчелоти, а јас?

ВИДЕО | Вака нема да оди на Светско првенство: Нејмар прво промаши празен гол, па се расправаше со навивачите

Нејмар: Ако јас не играм на Светското првенство, милиони луѓе нема ниту да го гледаат Мундијалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот