НЕИНВЕНТИВНО ОРУЖЈЕ: САКСИИ И СТРЕЛИ летаа кон полицајците во Хонгконг (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Хонгконшката полиција денеска соопшти дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците кои патролирале во близина на Политехничкиот Универзитет, а потоа продолжиле и со фрлање саксии кога на местото на инцидентот пристигнале други полицајци.

Полицијата одговорила со солзавец, а демонстрантите потоа повторно нападнале со стрели, за подоцна да дојде и до трет напад со ваков тип оружје. Ниту еден од нападнатите полицајци не е повреден.

Полицијата наведува дека на местото на нападот пронашла шест стрели.

Студентите и другите демонстранти неделава се собраа во главниот универзитетски кампус во Хонгконг, подготвувајќи се за одбрана во случај полицијата да се обиде да ги избрка оттаму.

Продемократските протести почнаа пред повеќе од пет месеци и сосема ги поделија жителите на Хонгконг.

Овој град со 7,5 милиони жители веќе четврти ден по ред се наоѓа во сообраќаен колапс, со масовни прекини на транзитот, бидејќи демонстрантите блокираа некои од поголемите улици и железнички линии.

Илјадници лица и денеска не успеаја да дојдат до своите работни места, па владата апелираше до работодавачите да покажат поголема флексибилност.

Заради сообраќајниот хаос сите училишта во градот нема да имаат настава од петок до недела, соопшти надлежната служба за образование, која ги повика студентите да се откажат од натамошни насилства, пренесуваат британските медиуми.

Кинеските универзитети ја прекинаа наставата до крајот на годината, а другите побараа од студентите да се префрлат на онлајн учење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот